Малчески: ЈО да открие кој ја плаќа логистиката на кампањата за референдумот

Чии средства и логистика користат избраните и именувани фунционери во предвремената кампања за референдумот, дали наместо на работа, одат на кампањи или сметаат дека тоа им е работа, прашува професорот Самоил Малчески.

„Дали избраните и именуваните функционери трошат ресурси од институциите кои ги водат или трошат лични средства? Дали профили од социјални мрежи на институциите се користат за кампања на фарсата наречена референдум?“, прашува професорот Малчески, кој е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ, но и еден од најжестоките критичари на власта на поранешниот премиер Никола Груевски.

Малчески исто така го повикува и Јавното обвинителство „да се разбуди од зимскиот сон“ и да почне да си ја врши својата работа.

2 Коментари

  1. АКО НЕ БИДЕ УСВОЕНА ОДЛУКА НА РЕФЕРЕНДУМОТ, ВЛАДАТА ТРЕБА ДА СИ ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА, А СОБРАНИЕТО ДА СЕ РАСПУШТИ!
    6 септември 2018 година, Скопје, Македонија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) за крајно неодговорна и во спротивност со Уставот и законите ја смета изјавата на Талат Џафери во емисијата “200“ на телевизијата “Алсат-М“: Ако на референдумот на 30 септември нема цензус, тоа значи граѓаните се дистанцираат од одговорноста за донесување одлуки и оставаат простор Собранието и Владата за истите прашања место нив да одлучат.
    СМК потсетува дека нема успешен и неуспешен референдум, секој референдум е успешен ако е регуларно спроведен. Одлуките по референдумското прашање на 30 септември се сметаат за усвоени ако за нив гласат мнозинство од вкупниот број запишани избирачи.
    Според членот 30 од Законот за референдум, “Собранието е должно во рок од 60 дена по објавувањето на резултатите од референдумот да ги уреди прашањата во согласност со резултатите од референдумот“. Во случајов, ако не биде усвоена одлука на референдумот од 30 септември со мнозинство до вкупниот број запишани избирачи, се смета дека: (1) не е донесена одлука за пристапување на Македонија во сојуз со Европската Унија, и Владата и Собранието треба веднаш да ги прекинат сите постапки и активности во таа насока, (2) Собранието е должно да ја поништи одлуката за членство на Македонија во НАТО донесена на 23 декември 1993 година од Собранието, и да ги прекине сите постапки и активности во таа насока, и (3) се потврдува одлуката на престедателот на Републиката за непотпишување на указот за прогласување на Законот за ратификација на Спогодбата Димитров-Коѕиас склучена на 17 јуни 2018 година, односно Спогодбата Димитров-Коѕиас ни јуре ни де факто повеќе не важи!
    Во согласност со членот 19, пак, од Законот за референдум, референдум за исти прашања, во случајов за членство во Европската Унија и НАТО, не може да се повтори пред истекот на рокот од две години од денот на одржаниот референдум, односно пред 30 септември 2020 година!
    Ако на 30 септември не се усвои одлуката на референдум со потребното мнозинство утврдено во членот 120 од Уставот, Владата и Собранието ништо повеќе не решаваат, туку Владата треба да си поднесе оставка, а Собранието да се распушти!

Оставете Коментар