Малески: Бојкотот на референдумот не е добра работа

Loading...

Првиот министер за надворешни работи на независна Македонија, Денко Малески, смета дека референдумот за договорот Заев-Ципрас е шанса да се излезе од „пеколниот круг“ и затоа е против бојкот на гласањето закажано за 30 септември.

„Мислам дека ова е голема шанса да излеземе од овој пеколен круг во кој се вртиме веќе 30 години, не успевајќи да најдеме компромис со Грците. Ова е уникатна меѓународна ситуација која треба да се искористи, како и подготвеноста на двете влади да се оттргнат од прегратката на своите национализми, па бојкотот на референдумот не е добра работа“, изјави за „Спутњик“ поранешниот македонски амбасадор во Обединети нации.

Од успехот на референдумот ќе имаат корист и Македонците, и Албанците, и Македонија, оценува Малески, уште еднаш во своите настапи критикувајќи го македонскиот национализам.

„Во интерес на умерените сили на Албанците е Македонија да стане членка на ЕУ и на НАТО, за да не дојде до радикализација на ситуацијата. Кога станува збор за Македонците, треба да се има на ум дека премногу долго се манипулираше со тие македонски чувства, каде што беше доминантен македонскиот национализам, кој ја градеше својата идеја на поделената татковина, што нè водеше во конфликт со соседните земји. Во таа смисла, ова ќе биде тешко отрезнување за македонската популација“, заклучува професорот на скопскиот Правен факултет.

 

2 Коментари

  1. G-ne bivs minister, duri ni golemata bukva “M” od minister ne ja zasluzuvate. Samo go sramite Vlado Maleski. Sovet: uzivajte vo starosta! Dosta ni e od takvi kako vas (so malo “V”)!

Оставете Коментар