Малески: Поддршката од Ахмети е комплимент

Универзитетскиот професор Денко Малески, вели дека е благодарен на јавната поддршка од Али Ахмети за него како потенцијален кандидат за претседател на државата.

„Прво, тоа е комплимент за мене, тоа е признание и за тоа јас сум благодарен. Оваа идеја во основа е добра, затоа што оваа идеја обединува. Во поделено општество како што е ова во Македонија, секоја идеја што обединува е добра“ изјави Малески за за порталот на албански јазик „Журнал.

Професорот смета дека идејата „прво треба да биде ставена на проба. Мора да се види како оваа идеја може да се реализира во Македонија и кој ќе застане во одбрана на идејата. Нашиот систем за избор на претседател е познат, партиите имаат клучен збор…“

Деновиве лидерот на ДУИ Али Ахмети посочи на Малески како прифатлив консензуален кандидат за претседател на државата:

„Досега не сме зборувале за имиња, но мислам дека Денко Малески е угледен професор, професор што ги исполнува сите стандарди“, изјави лидерот на ДУИ.

Го откри ли Али Ахмети кандидатот на ДУИ и СДСМ за претседател?

ж

SHARE

5 Коментари

Оставете Коментар