Малта украсена со македонски знамиња пред посетата на Заев (ГАЛЕРИЈА)

Loading...

Македонското државно знаме уште од петокот се виори на сите позначајни локации во Малта во пресрет на официјалната посета на премиерот Зоран Заев во вторник.

Заев ќе има разговори со неговиот малтешки колега Џозеф Мускат, со претседателот Марија-Луиза Колеиро Прека и со парламентарниот спикер Англу Фаруџа.

Според Фејсбук-групата „Македонци во Малта“, која на својот профил објави фотографии од поставените македонски знамиња, на островската земја-членка на Европска унија живеат и работат 10.000 Македонци.

Македонската заедница во Малта е добро организирана и неодамна беше домаќин на министерот без ресор одговорен за дијаспората Едмонд Адеми.