Марјанче во првите редови, Заев не му дал да биде говорник, оставка не барал

Човекот за кој цела Македонија виде како се заканува со прислушување и следење на наставнички и тоа пред деца, не е предмет на никакви партиски или кривични санкции една недела по избивањето на скандалот.

Премиерот Зоран Заев потврди дека засега единствена санкција за градоначалникот на Демир Хисар, Марјанче Стојановски, е да не држи говор пред окалните жители на оваа општина за време на кампањската посета за референдумот.

Стојановски во моментов е под истрага по објавената видео-снимка на која се слуша како се заканува во училиште дека „се знае затоа што прислушкува“.

Одговарајќи на прашање дали побарал оставка од градоначалникот на Демир Хисар за видеото кое излезе во јавноста, Заев одговори дека МВР спроведува истрага и дека градоначалникот бил на трибината во првиот ред. 

– Не беше во делот на тие што имаа обраќање, мислам дека така е чесно додека трае истрагата на МВР, тој беше повикан на разговор, кој е направен, понатаму се истражува, но она што можам да го гарантирам на граѓаните на Р.Македонија е никогаш повеќе нелегално прислушување во Македонија, изјави Заев. 

Заев однесувањето на кадарот на СДСМ го објаснува со негов личен порив. 

– Секако јас ќе останам да ги дочекам истрагите од МВР кои што ги прават, изјави премиерот Заев за скандалот со градоначалникот што се закани дека прислушувал луѓе.

Оставете Коментар