Коментирајќи ја изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев кој изрази чудење како четири пријателски земји на Македонија го дозволиле бегството на Груевски, црногорскиот премиер Душко Марковиќ, го потсети македонскиот колега дека екс-премиерот низ Црна Гора минал на законски начин.

„Обврската да се грижи да не побегне нејзиниот поранешен премиер ја имаше Македонија, а не Црна Гора“м, вели црногорскиот премиер.

„Мојот пријател Заев треба да се позанимава со фактот што навреме не е распишана потерница по Груевски, и како тој без пасош влегол во земја членка на Европската унија – ова прашање не може да се става на Црна Гора”, рече Марковиќ во интервјуто за РТЦГ“.

SHARE

1 Коментар

  1. Марковиќ е цела една мизерија и будала, уште паметиме како во НАТО Трамп како џак компири го повлече на назад и го постави на своето право (последно) место. Марковиќ е брука за сите Црногорци. Резил и срам!

Оставете Коментар