Марш „За европска Македонија“ во Скопје

Марш за европска Македонија кој треба да заврши со голем граѓански собир во центарот на Скопје, организира денеска коалицијата „Заедно за европска Македонија“.
Предвидено е маршот да почне во 13.30 пред зградата на Црвениот крст, а да заврши пред седиштето на Делегацијата на ЕУ во 14.00 часот.
По ова започнува  големиот граѓански собир на кој ќе се обратат премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери, актерката и синдикален претставник, Сања Арсовска и новинарот Томислав Кежаровски.
SHARE

Comments are closed.