Марш за обединување на Прешевска долина со Косово!

Косовското здружение „Чемериа“ организира денеска во Приштина „Марш за обединување на Прешево, Медвеѓе и Бујановац со Република Косово“, за што инсистира и косовскиот претседател Хашим Тачи и бара ова прашање да го постави на маса на преговорите со Србија.

Според организаторите, настанот не е поврзан со ниедна политичка структура, туку е „за доброто на граѓаните на Косово“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Противниците на намерата на Тачи, меѓу кои најгласен е косовскиот премиер Рамуш Харадинај, сметаат дека зад идејата за припојување на Прешевската Долина со Косово се крие намерата за размена на територии, со што северот од Косово, каде доминира српско население би  припаднал кон Србија.

Здружението „Чемерија“ (кое има повеќе ограноци), инаку, се залага за враќање на правата и на имотите на протераните Албанци од областа Јужен Епир во Грција поВтората светска војна.

Хашим Тачи не се откажува од Прешевска долина 

 

SHARE

Оставете Коментар