Мартин Анастасовски: Сакаат да нè нема и ние тука не можеме ништо

Дипломецот на американскиот универзитет Монклер, кој претходно во студија за односите меѓу Македонија и Грција под наслов „ТЕСНИОТ ГРЧКИ НАЦИОНАЛИСТИЧКИ ПОГЛЕД НА МИНАТОТО ГО ПАДНА ИСПИТОТ НА СЕГАШНОСТА“ објасни дел од прашањата што досега македонската наука и медиумите не ги покренале како релевантни, сега се занимава со реалноста во политиката и контекстот во кој Македонија и Грција потпишаа договор за името.

Пишува Мартин Анастасовски

Мислам дека решението за нашава врвка е многу поедноставно отколку што сите ние го комплицираме (многу сме комплицирани и искомплексирани и второво не го мислам од надменост или подбив). Едноставноста е благодет. Помалку е повеќе. Тоа се секојдневни мудрости за подобар живот.

Главната нуспојава на Договорот е дека народот ќе се резигнира (не’ читаат ачик странските познавачи) и ќе се впушти во себетиштење и откажување – тоа дека други ни ја одредуваат судбината. Во овие мигови луѓето уживаат да го мразат западот и да жонглираат со заговори. Колку е лесно да се продаваат заговори: еден знае се, другите му купуваат од уста. Мислиме дека ја гледаме „големата слика“, а малата слика, односно секојдневието заедно со неговите убави мали нешта, заедно со предизвиците што треба да ги решаваме, тоа е во петнаесетти план. Бидејќи договорот за некои луѓе значи „самоуништување“.

Самоуништувањето е во главата на оној што го мисли тоа. Самоуништувањето е пророштво што се исполнува се повеќе и повеќе со секое негово искажување, на себеси или во друштво. Тоа го прават луѓето мислејќи дека Договорот ја продал земјава. Не. Ние ја продаваме земјава, односно ние се раатисуваме од земјава. Македонија е како стара куќа. Здрава е и може да крепи со векови, но си бара одржување. Колку повеќе ја баталуваме, толку повеќе вода ќе капе од покривот и по темелите. Утре, задутре, кај и да е, ќе падне. А комшијата не ти турал вода врз покривот, туку надвор врнело.

Сами си го продаваме тоа што го имаме, здраво за готово.

Батали граѓанско (лично, родителско заложување) за да се подобри образованието. Батали го воздухот. Батали ги нервозните возачи што не држат на штрек. Батали го фактот што ти или твоите родители не излегуваат од дома и немаат ниедна занимација. Батали што не шетаат пеш и што не отишле на водно ниту еднаш во последните 10 години. Батали го својот личен призор и карактер. Тоа се небитни нешта. Битно е тоа што сакаат да не нема и ние не можеме тука ништо.

Па драг народе, прочитан си како детенце на кое му се црвенат образите кога ја кажува својата мала лага. Зошто не напишав домашна…

Овој договор е таков каков што е. Некој го мислел со цел да извлече најдобро за земјава. Може да се анализира опсежно и битно е да се истакнат деловите што се контра разумот или се во најмала рака не-фер. Но, поради некоја причина, и другата страна го мисли тоа. Ова е исто како кога сакаш да го убедиш твојот близок во твојата вистина. Не можеш да го убедиш другиот во вистината што ја живееш ти, колку и да си во право. Затоа колку и да не е во право, другата страна мисли дека е оштетена, така што Договорот е проклет и за нив. Но да мрднеме понатаму.

Во оваа меѓународна политика и во овој балкански контекст, проблемите мораат да се решаваат. Онаму каде што надвиснуваат пробеми што го спречуваат слободниот проток на луѓе и идеи, таму она што е нормално за светот а она што не е, го одредуваат најгнасните импресии на денешницата – расизмот, омразата, стравот, ексклузивистичкиот национализам, племенизмот (tribalism), верскиот фундаментализам, цинизмот, и така натаму.

Верувале или не, ама има луѓе што се опфатени во овие непогоди и што мислат дека го крепат својот народ. Убедени се во тоа, но не се запрашале дали навистина се во право. Јас мислам дека противењето на патот на кој се наоѓа Македонија е кобна самобендисаност. Со противењето овие луѓе му одмагаат на народот со тоа што сакаат да го сокријат во некое дупче каде што мислат дека е побезбедно. Од тоа дупче овој народ треба да го набљудува и спознае светот? Од таму може да се види само како тече времето.

Договорот има клаузули што иритираат. Да, Македонија е страната што треба да исполнува туѓи барања. Да, тие се наметнати и се неправедни и нарочно го забораваат минатото. Да, македонците биле обесправени и претрпеле прогонство и угнетување. Добро е кога знаеме дека овој народ низ оваа историја не е должен никому. Чисти сме во тој поглед и тоа е едно бреме помалку. Но тоа не не прави посебни.

Имаме работа – да се надминеме самите себе, а тешко ни оди тоа надминување бидејќи не сме баш добро оформени со битните информации што го направиле светот ваков каков што е. Македонците не се единствените што доживеале трагедија. И германците доживеале трагедија (непотребното огнено бомбардирање на Дрезден); англичаните доживеале трагедија (пред еден век машините на индустриската револуција сеуште им ги дробеле ковчињата на малите деца); чесите доживеале трагедија (како колатерална штета на меѓуверската триесетгодишна војна), и така натаму.

Ете зошто во преговорите не се спомна прашањето за прогонот на македонците. Јавноста не слушна, но затоа сигурно другата страна и посредниците, и европската дипломатија, имале што да слушнат на таа тема. Прогонот треба да се прифати како немил факт на животот. Не треба да се заборави, но и не треба да ни служи како отскочна даска што не води до самосожалувањето во кое се давиме. Затоа треба да се размисли уште еднаш личниот став за договорот.

Постоењето на националните општества денес може да се објасни со метафора на тркало. Сите ние во оваа земја сочинуваме еден инсект што некако се нашол на тркало во движење. Ако не се движиме заедно со тркалото, тоа ќе не смачка. Да стоиме во место не е опција. Да одиме спротивно од тркалото исто така не е опција. Затоа мора да трчаме во ист правец со него и кога ќе се искачиме тој еден краток миг на врвот, ќе земеме здив, ќе се одмориме, и повторно ќе продолжиме да трчаме.

Залуден е отпорот што се пружа бидејќи тоа не’ држи во место и кога ќе заврти тркалото цел круг, ќе се најдеме под него. Секој поединец е по една клетка и функција на инсектот и сите заедно помагаме ова битие да се движи и да размислува.

Реков дека главната нуспојава на договорот е себепотиштувањето. Ова значи дека ние се концентрираме на обликот – на рамката на договорот. Суштината вели нешто друго. Само самиот можеш да се изземеш од учество во светот околу себе, на индивидуално ниво и на ниво на народ. Потиштен човек бара виновници затоа што самиот не може да излезе од дупката што најверојатно самиот си ја ископал.

Потиштениот народ, како и потиштениот поединец, исто така не учествува во ништо. Нема стимул за да живее или му чини да живее во тесен круг на луѓе и искуства. Се откажал. Не учествува во образовна размена (или го прави тоа про форма), не произведува добра храна. Не произведува програми за телевизија. Не произведува убава музика. Не произведува напор за да си го подобри градот или селото во кој живее. Не размислува како да им создаде работа или да им даде благотворно занимање на повеќе луѓе.

Концентрирајќи се на формата, ќе ја баталиме содржината. Џабе ако на договорот стоеше Република Македонија ако ние овде останеме исти – незаинтересирани и и со мрзлива волја за битните и убави нешта.

10 Коментари

  1. Ти си имаш проблем бе човече и џабе што си отишол да студираш „тамо далеко“ верувајќи дека овде ти е премногу тесно. Проблем си имаат и тие што те објавуваат и што 100% и ова нема да го објават за да ја задржат својата доследност.

  2. Demek ako se samoponistime ke ni trgne. Od osamostojuvanjeto mnogu pati sme lapnale stap namesto morkov , i se so muabetot lapnete go uste ova i ke vi trgne. Ama ne trgna. Istoto ke bide i sega. Ako go progoltame ova nema vrakanje.

  3. Ако е ова интелектуалната свест која произлегува од еден универзитет тогаш се згрозувам од непознавањето на експертот дека во царството на инсектите постојат и такви кои имаат крилја и нема да стојат на тркалото до моментот кога ќе бидат згмечени. Жалосно колку го унаказиле човекот.

  4. mi beshe duri odvratno da go citam….ke go docitam posle…tekstot e ocigledno od kujnata na iluminatite koi sve poveke se vo krvav mrak..POLUVISTINI izmesani so “dusegriznicki” emocii, “svetskite” politicki potrebi, “reshavanje” ne “problemot” koj ne postoi a tie go izmislija i go zgolemuvaat (NWO) i vospostavuvanje “demoNkratska” kontrola za poubavo (malo) sutra !….sirenje DEFETIZAM kaj makedoncite deka nema drugo resenie i bla bla bla …..
    RESENIE IMA i toa MNOGU EDNOSTAVNO ! treba da se isprazni eden sarzer vo nekolku glavi i sve ke se svrti za 180stepeni !

  5. Ako za TVOETO SAMOUNISTUVANJE ne ti e problem da ti ja stavat MUTRATA kako izmislitel na textot…. POGRESNO E DA SE SMETAS ZA PRIPADNIK NA MAKEDONSKIOT NAROD pa i na R. Makedonija. Beter si od Lazgoto koj ne se demantira kako tebe vo prosto-prosirena recenica, i si ostanuvas prostak so ograniceno viduvanje nametnato od tvoite “gazdi” I toa e mnogu …. premnogu…. zatoa sto si drskata na sladoledo, koj najcesto se tope.

  6. Грешно ти е основното поаѓалиште за текстов, дека „светот оди во еден правец, а бубачката мора да оди со тркалото, за да не биде смачкана„. Како што не постои меѓународно право (постојат мање-више прифатени правни документи) ниту меѓународна заедница (постојат интереси на одредени групи) го енма ни тој еден правец и единствен правец по кој наводно одат денес сите освен Македонци, а што несреќно си го избрал како лајт мотив за твојава пропаганда. Светот дури сега станува интересно место, а тоа на тебе и твоите нема да ви се допадне.

  7. Најголем лажго во Македонија не е Заев, туку С. Керим кои вика дека не може името да се воспостави преку Генералното собрание на ООН. Види: http://maktel.mk/News.aspx?id=107104
    Тој човек претставува најголем срам за Република Македонија!!!

Comments are closed.