Мартин Стефановски: Слобода за името на Македонија

Ајде што овие преговори се против уставни против правни недемократски ретроградни според сите параметри се и безизлезни.

Спорот за името има една единствена цел, Македонија да се спречи да стане економски и политички стабилен фактор на Балканот и Југоисточна Европа.

Што и да прифати било која владина гарнитура тоа решение секогаш ќе биде осудено на неуспех. Од една страна доколку не ги задоволува максималистичките барања на Грција ќе се соочи со вето, од друга пак доколку тие максималистички барања бидат прифатени од на пример владата на Заев, ќе биде отфрлено од референдумскиот глас на Македонците. Грците тоа многу добро го знаат и го користат. Во шаховски жаргон кажано Македонија 27 години е во пат позиција. Владите се менуваат ние старееме спорот останува

Во Грција на спорот се гледа како на заштита на грчката култура и идентитет и блокирање на заканата од “иредентизмот“ на северниот сосед, а дефакто се користи воглавно за билдање на предизборниот рејтинг

Во Македонија пак спорот главно се користи за да се оправда неуспехот и неспособноста да се донесе стабилност и просперитет за овие граѓани. Македонија 27 години ја водат корумпирани политичари кои во тие 27 години го користат спорот за да ги задскријат своите криминални дејствија.

Според мене за лошата социјална и економска состојба на граѓаните на Македонија не се виновни Грците ниту пак нечленувањето во ЕУ и НАТО. Иако членството во овие организации посебно во ЕУ би донело одредени бенефити сепак највиновни за лошата состојба во македонското опшество се македонските политичари и поготово трите најголеми партии во државата кои 27 години како слеп за стап не водат во тунел кој не води никаде.

Македонија од ’91 па наваму нема алтернатива на патот за ЕУ и НАТО ниту пак некој работи за да ја изгради таа алтернатива. Напротив дури и најмалите повици за креирање на тие мостови се осудени на потсмев резигнација и неуспех. Ние како опшество како индивидуи сме заробеници на сопствениот ум, нешто што е далеку пострашно од тоа да бидеш затворен во Шутка или Идризово.

Постои само еден излез од овој ќорсокак и статусот кво, а тоа е прекин на разговорите при ООН. Ќе биде тешко, но тоа е единствениот начин како ќе се ослободиме од менталното ропство надвиснато над ова опшество. Само тогаш и само така ќе си ги вратиме достоинството и вербата во државата и институциите.

Дури тогаш и само тогаш ќе почнеме вистински да се грижиме како работат нашите народни избраници, Зошто само тогаш? А не сега? Бидејќи тогаш ќе мораме, ќе бидеме препуштени сами на себе, наместо како сега нашите надежи да ги вложуваме во некој европски стандард од надвор чекајќи тој да ни ја оправи земјата.

И барем тогаш како Република Македонија ќе видиме кои се вистинските сојузници на оваа држава и според тоа ќе можеме да продолжиме да градиме вистински пријателства и партнерства било тие да се наоѓаат на Запад или Исток.

Стоп на менталното ропство. Слобода за името Македонија.

Преземено од блогот на Мартин Стефановски

5 Коментари

  1. “Разликата” или “спорот” за државното име или правниот идентитет НЕ МОЖЕ да постои во меѓународното право, бидејќи ПРАВНИОТ ИДЕНТИТЕТе основен елемент на правната категорија: ПРАВНИОТ СУБЈЕКТИВИТЕТ, без кој нема ДРЖАВНОСТ. БЕЗ ПРАВНИОТ ИДЕНТИТЕТ НЕМА СУВЕРЕНОСТ, нема ДРЖАВНОСТ. ПРАВНИОТ СУБЈЕКТИВИТЕТ Е ЕЛЕМНЕТ НА ДРЖАВНОСТ!
    “Разликата” за државното име е nonsense во рез. на ООН.

  2. Така е, Грчкото барање за ЕРГА ОМНЕС е Conditio sine qua non, од што заклучуваме дека со внатрешно мешање „без кое се не може” солуција не постои, те. :
    ПРОБЛЕМОТ НЕМА РЕШЕНИЕ.

Comments are closed.