Грците ма северот од земјата, односно во регионот на грчка „Македонија“, и вечерва, со голем протест во Солун го изразуваат незадоволството од договорот Ципрас-Заев.

Тие најпрво се собраа на плоштадот пред „Белата кула“ по што е предвиден марш пред американскиот конзулат во Солун и ,како што јавуваат грчки медиуми, пред канцелариите на пјРМ, на СИРИЗА и на „Независни Грци“ (АНЕЛ).

Митингот во Солун доаѓа по десетицте одржани во помалите градови кои во изминативе денови.

Додека гневот кај граѓаните расте, владата не ги слуша, пишува порталот „In.gr“.

Протестот доаѓа само ден ден по најновата анкета која претставува „срам за СИРИЗАНЕЛ“ коалицијата, пишва порталот.

Истражувањето, спроведено во сите префектури на источна, централна и западна Македонија за името „Северна Македонија“, покажува дека 86 проценти од испитаниците го отфрлаат договорот.

Дури , 83 проценти сметаат дека прашањето не е решено, туку договорот го оптоварува и ги влошува работите.

Запрашани со кој од деловите на договорот најмногу не се согласуваат, мнозинството од испитаниците (71 отсто) велат дека им пречи на сето она што го дала владата:  името „Северна Македонија“, „македонска етничка припадност“ и „македонски“ јазик, додека само 7 отсто од анкетираните кои велат дека не им пречи.

Конечно, 87  од  испитаните (грчки –н.з.)„Македонци“, веруваат дека Грција му дала на Скопје повеќе од она што го добива, во споредба со само 2 отсто кои веруваат дека придобивките се повеќе од загубата.