Мавраганис од Независни Грци: Скопје денес е државичка, но утре кој знае?!

Еден од аргументите на грчкиот заменик-министер за транспорт и информации Никос Мавраганис од Независни Грци зошто неговата партија останува на ставот против зборот „Македонија“ во името на северниот сосед е дека „Скопје денес е државичка, но утре не се знае“!

„Ние јасно рековме дека нема да прифатиме никакво име со зборот ‘Македонија’ и придавка изведена од него. Тоа не е опсесија за името, туку е резултат на нашата длабока убеденост за секаков иредентизам од страна на Скопје, кое денес можеби е државичка, но утре никој не знае во чии рамки и во која земја ќе се најде или каква државност ќе добие или кој би можел да го искористи тоа, бидејќи во 1944 година или во 1950-тите или во 1960-тите никој не очекуваше таква разврска на проблемот и затоа инсистираме на нашата позиција дека нема да гласаме за таква спогодба“, изјави Мавраганис за радиото Практорио ФМ на грчката државна новинска агенција АНА-МПА.

 

SHARE

Comments are closed.