Мажите во Македонија најдоцна го напуштаат родителскиот дом

Loading...

Кај младите луѓе во јужна Европа забележлив е трендот што подолго да остануваат со нивните родители.

Младите во Црна Гора, во просек (мажи и жени) најдолго од сите други во Европа, дури до 32 години остануваат во домот на своите родители, покажува истражување на Еуростат.

Сепак, мажите во Македонија во однос на сите од другите делови во Европа, се најприврзани со родителскиот дом  каде во просек, остануваат до 35,2 години.

Ова е тренд во цела јужна Европа па така  Хрватска, Италија, Грција и Шпанија се на врвот на листата.

На дното е листата  северниот  дел од континентот, а Швеѓаните и Данците го напуштаат родителскиот дом на многу помлади години – на 20,5 години.