МД Илинден: Софија сака Македонците да ги побугарчи со пари

Македонско друштво “Илинден”-Тирана го изразува своето жалење што официјална Софија, спротивно на декларираните заложби за добрососедство со . Македонија, а со тоа и со македонскиот народ, ја засилува својата антимакедонска пропаганда меѓу Македонците во областа Гора, во Република Албанија, обидувајќи се да ги претстави како “Бугари“.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо, акао и многупати досега се застапува за вистината, а според која Македонците во областа Гора се неотуѓив и нераскинлив дел од македонскиот народ!

Нивната самосвест е македонска, а обидите на бугарската политика да го обезличи и побугарчи ова македонско население се остваруваат со уцени и подведувања во смисла на подобрување на нивниот социјален статус и економска положба со делење на бугарски пасоши, со стипендии за студирање на младите Македонци.

Цената на тие бугарски „услуги“ се сведуваат на потпишување на изјава дека Македонците се Бугари и дека и нивните предци биле Бугари. И кога сето тоа го работи една членка на Европската Унија, пред очите на сите европски држави, македонскиот народ бара помош од албанската Влада.

Но! Македонците во Албанија никогаш не биле, ниту своеволно би биле “Бугари“! Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо апелира Владата на Албанија да преземе сериозни мерки во грижата за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во Република Албанија.

Според документи од бугарска и француска провиниенција од 1923 година, со кои се потврдува дека населението во пограничниот регион помеѓу Албанија и Македонија се чуствувало и изјаснувало за Македонци.

Сепак, за потребите на големобугарските аспирации врз македонскиот народ, Бугарија „создава вештачки проблем со бугарско малцинство во Албанија“. Бугарија и досега, не признава македонска нација, иако признава македонска држава, па затоа каде што има Македонци претендира дека се Бугари.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо го потсетува бугарското раководство дека македонската нација е исторски факт и дека нам не ни треба одобрение од други држави за да се изјасниме дека сме тоа што сме.

За овие бугарски аспирации се има изјаснето и м-р Васил Стерјовски кој истакна дека има „…еден документ од италјанските архиви околу неоснованото тврдење на Бугарија за 18 села што тогаш се граничат со Југославија дека се бугарски села.

Генерал Енрико Телини кој е член од Италија во комисијата за утврдување на гранците на Албанија, спровел анкета меѓу жителите во овие села и го известува претставникот на Италија во Истанбул дека во овие 18 села живее македонско население, а не бугарско. Кога ги прашувал за нивната етничка припадност, на прашањето дали се Бугари сите одговориле дека се Македонци, пишува во неговиот извештај од од 22 август 1923 година.

Ова се оригинални документи, рече Стерјовски. Тој покажа документ и од бугарските архиви, односно писмо од претсавникот на бугарската амбасада во Истанбул, Тодор Марков од 15 септември 1923 година испратено до Министерствто за внатрешни работи на Бугарија.

Писмото е во врска со селата во кои што Бугарите претендираат дека има бугарско население во Албанија, а во него меѓу другото стои: Офицерите на комисијата ги помина сите села долж границата и детално ги прашаа селаните каква е нивната националност.

Не слушнале да одговорат дека се Бугари, туку дека од нив добивале одговор дека се Македонци, прочита Стерјовски дел од писмото. Тој покажа уште еден, како што рече, неодамнешен документ, односно мемоари на полковникот Андре Орион што пред една годна биле објавени, а кој бил претставник на меѓународната комисија за утврдување на границата во 1923 година. Орион ја претставувал Франција во комисијата.

Што пишува во своите ракописи што првпат беа објавени во Албанија, посебно за Корчарската каза.

“Лично бев воодушевен кога го слушнав ова храбро население кое не се чинеше национално несигурно, да ни одговори без двоумење на јасното прашање: Која е вашата нацоналност?…Македонска…И всушност јазикот, носијата и обичаите, посебно женската носија беа зачувани недопрени од времето. Не престанав да му се восхитувам на ова сиромашно, но гордо население, кое во 2.500 години ропство ја имаше зачувано својата нацоналност. Колку ми беше жал што не можев да сторам ништо за нив. Секој момент имав желба да извикам ‘Да живее слободна независна Македонија’. Во Глобочани, на брегот на Преспа каде што го имав поставено својот штаб во март 1918 година каде престојував една седмица се сретнав со еден старец, кого го имав запознато од порано. Откако го сместив, го замолив да ми каже дали има нешто да ми каже за донесените одлуки. Беше многу тажен, но на мојата упорност одлучи да зборува давајќи ја оваа изјава: Нам Македонците ни недостига еден татко, односно претседател. Нема потажно за нас кога гледаме мали држави, како Бугарија или Србија кои сакаат да ни ја земат нашата терторија. Ќе бидеме среќни само кога ќе сме сами, раководени и администрирани од нас самите, од вистинските Македонци”.

Ова е документ од 1923 годна. Ова се исторски факти и документи, констатира пред кои сакале или не треба да се поклонат и мора да ги почитуваат негаторите на македонскиот народ кои тврдат дека Тито ја измислил македонската нација во 1944 година и оние кои вештачки прикажуваат бугарско малцинство во Република Албанија“.

Потпирајќи се на историските факти и сознанија Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо, покрај другото, ја изразува и својата загриженост заради апатичната политика на македонската Влада во однос на македонското малцинство во Албанија, – стои во соопштението потпишана од претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај и претседателот на разгранокот за Голо Брдо Или Халилај.

1 Коментар

Оставете Коментар