Медиум на Вучиќ открива тајна средба во Скопје за уривање на српскиот претседател

Таен состанок кај Заев за уривање на Вучиќ од Скопје, ова е насловот кој осамна на насловната страница на српскиот таблиоиден весник Информер.

Според Информер кој важи за близок на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на 21 мај годинава во Скопје, се одржал состанок каде се развивала стратегијата за уривање на власта во Србија. Според информациите кои ги пренесува весникот на тајната средба присуствувале американецот Ерик Брнс, кој како што наведуваат е советник на Зоран Заев, режисерот Горан Марковиќ, политичарот Сашо Мирковиќ, известувачот Бобан Јовановиќ, но и сопственик на една македонска телевизија.

За реализирање на ова сценарио според Информер се одвоени 16 милиони евра, со тоа што ЦИА од Софија во Скопје го префрлила специјалниот тим кој ќе раководи со операцијата.

Како што пишува Информер, за лидер на опозицијата ќе биде избран поранешниот министер за надворешни работи, Вук Јеремиќ кој беше против кандидат на Вучиќ на последните претседателски избори. Под знак прашалник стои од каде да почне реализација на сценариото, но како можна опција се наведува дека бунтот за уривање на Вучиќ ке започне во Ниш.

Инаку Ерик Брнс кој присуствувал на наводниот таен состанок, е еден од двајцата политички и маркетинг експерти кои беа ангажирани од СДСМ за време на парламентарните избори во 2016тата година, кога СДСМ освои 49 пратеници, за две помалку од сегашната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ која освои 51 пратеник.

Можниот лидер на српската опозиција што е наведен од српскиот весник, Вук Јеремиќ е силен подржувач на премиер Заев,а претходно жестоко го критикуваше претходниот премиер Груевски.

Јеремиќ по обраќањето на Заев на самиотот Македонија 2025 постави слика на инстаграм и напиша дека Зоран Заев е моментално најценетиот лидер на Западен Балкан.

2 Коментари

  1. ЕКСКЛУЗИВНО: Ова е новиот предлог за име на Република Македонија

    Добри вести доаѓаат од САД: „Република ВИЦЕСТАН“ е најновиот предлог кој се нашол на масата меѓу преговарачите Никос Коѕијас и Никола Димитров кои под медијаторство на посредникот Метју Нимиц се сретнаа во Њујорк со цел да најдат ново креативно решение за промена на името на нашата држава.

    После отфрлањето на „Илинденска Македонија“ од грчка страна и навидум пропаднатите преговори, нов блесок на креативност дошол од македонските преговарачи предлагајќи да го промениме името во Република Вицестан, ерга омнес. Според македонската страна, ова име го заштитува нашиот идентитет како граѓани на државата на Вице, народот станува Виц, а официјален јазик ќе биде јазикот на парите, како и струмичкиот.

    Според правните експерти ова име суштински го брани и културниот идентитет на Вицевите Македонци, бидејќи ВИЦЕСТАН алудира на новиот бизнис-модел кој започнува да владее во Република Македонија, по трендот од Струмица во која секој кој ќе му подари зграда на Вице има право во неа да добие стан – принцип со кој Македонија станува се поблиска до земјите како Дагестан и Курдистан.

    Единствен ризичен момент е дали грчката опозиција ќе го смета и овој предлог за иредентистички, имајќи предвид дека Вице веќе има викендичка во Грција.

    Преговорите ги следиме во живо, останете со нас за најновите информации од Њујорк.

Comments are closed.