Мекејн побарал Трамп не му дојде на погреб!

Американскиот сенатор Џон Мекејн, кој почина во саботата, побарал на неговиот погреб да говорат поранешните претседатели Барак Обама и Џорџ В. Буш

Но, во исто време, тој побара од неговиот погреб да не присуствува актуелниот претседател, Доналд Трамп.

Во Вашингтон, дури и смртта на политичка работа, сенаторот од Аризона тоа добро го разбрал. Со самото тоа што ги избра Барак Обама и Џорџ Буш, двајца поради кои никогаш не влезе во Овалната соба како претседател, испрати јасна порака до Белата куќа, откако постојано говореше дека однесувањето на Трамп и неговиот популизам е спротивен на основните вредности на Соединетите Американски Држави и на улогата што оваа земја треба да има во светот, пишува Си-ен-ен.

Во нормални околности, се очекува претседателот да издаде официјално соопштение во чест нас смртта на бажни важни политички личности. Но, Трамп напишал само твит.

Според „Вашингтон пост“Трамп одлучил Белата куќа да не излегува со изјава во која се истакнува  кариера Мекејн во Сенатот и за време на неговата воената служба, како и фактот дека тој бил воен заробеник во Виетнам и поради што сенаторот е прогласен за херој.

Кога кандидатот Доналд Трамп во 2015 година, рече дека не го смета Мекејн херој, бидејќи во Виетнам бил заробен, многу политички аналитичари предвидуваат дека така тој самиот ќе го стопира својот пат до Белата куќа…

До крајот на својот живот, Мекејн сметаше дека Трамп е историска аномалија.

SHARE