Меланија Трамп има двојничка!? (ГАЛЕРИЈА)

Неуморните љубители на теориите на заговор тврдат дека американската „прва дама“ има двојничка која „ја користи“ во некои ситуации, а слетувањетона Доналд Трамп во Брисел пред некој ден самојао зајакна теорија, пишува Express.hr.

Додека првата дама го напуштала авионот, некои забележаа дека Меланија Трамп и не личи на самата себе.

Целата приказна започна пред една година. Додека таа и Доналд слегуваа од претседателскиот авион по ураганот Харви. Таа носеше големи очила за сонце и капа која сосема го покриваше лицето.

„Сакам да им се заблагодарам на сите во мое име,и  во име на потпретседателот … Мелани навистина сакаше да биде тука со нас“, рече Трамп иако „мелнија“ стоела покрај него.

Поради тој коментар на Трамп, почнаа шпекулации, без докази дали  Меланија навистина не беше до него.

За да биде приказната до крај загадочна, се појавија тврдења дека од февруари 2017 првата дама на САД има агентка која се грижи за нејзината безбедност и која многу личи на неа… по висина и иста боја на коса, а исто така често носи и очила за сонце, исто како Меланија.

Оставете Коментар