Менкиноски веќе го информирал Стразбур: Со 27 април Владата дефокусира од референдумот (ВИДЕО)

Владата врши притисок на судството преку нејзиниот портпарол кој вели дека „институциите имаат кредибилитет за ваков процес“, мислејќи на судењето на обвинетите за тероризам на 27-ми април – ова го тврди адвокатот Тони Менкиноски кој во емисијата „Отворено“ на ТВ Алфа најотворено зборуваше за целиот процес и сите повреди на законот и процедурите кои се направени за време на овој политички конструиран случај.

„Со ова извршната власт фрли сенка врз процесот. Портпаролот на Владата може да зборува само за владините институции, не за судските. Со ова се отвора прашањето за независноста на судството. Не може портпаролот на владата на Република Македонија да дава констатација за судството. Ова е веќе пракса на Судот за човекови права во Стразбур, каде вакви изјави на носители на извршна власт влијаеле на презумпција на невиност на одредена одлука, влијаат врз поротата и врз судијата, што исто така е повреда на правото“ вели Менкиноски кој има огромно искуство со постапки во кои се кршат човековите права и одлуките на релевантните меѓународни судови на овие теми.

Досега во врска со Македонија има 7 пресуди на Судот во Стразбур, 2 за наметнување на извршната над судската власт, а во 5 случаи е оценета пристрасност на судиите.

Менкиностки забележува дека досега требаше да се најде начин ова влијание да се оттргне. Со неговите претставки до меѓународните институции кои ги пратил за повредите на постапката во случајот за тероризам на 27-ми април, Менкиноски вели дека ќе му помогне на судството бидејќи неговиот извештај ќе биде земен со должна почит, европските институции ќе ја проверат работата на судовите и ќе ја корегираат дали во извештај или во пресуда за луѓето кои се обвинети за тероризам во Македонија.

„Вие може да побарате и разрешување на судијата ако ја добиете пресудата и да биде поништен целиот овој процес. Овој процес е смешен процес, ова е смислен процес за да се отргне влијанието на Македонците од референдумот. Смешен процес. Тероризам! Тоа е непоимливо. Непоимливо“, вели Менкиноски за процесот во кој уметници, оперски пејачи, интелектуалци, режисери се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок.

Практичното кршење на човековите права на обвинетите во Макеоднија е целосно спротивно на европските препораки и практики за неселективна правда, за што се зборуваше и во шарената револуција пред оваа влада да дојде на власт. Колку се сериозни овие состојби покажува фактот што Советот за реформи на правосудството со кој претседава премиерот Заев не заседавал од 21 мај. Блокадата во реформите на правосудството што директно се аплицира во процесот за 27 април е главна причина за блокадата на Франција за поканата од ЕУ и за нон пејперот потпишан од неколку влијателни членки на ЕУ. Странските набљудувачи веќе испраќаат извештаи за грешки во процедурата при судењето на обвинетите за 27 април кои се судат и по 12 часа на ден и не им се дозволува право на сопствен адвокат.

Водителот на емисијата Горан Момироски во врска со политичкото влијание врз судството особено кога е во прашање судењето за тероризам на 27-ми април, забележа: „Ова судење ме потсетува на една сцена од „Најдолгиот пат“ каде што турскиот офицер суди многу луѓе од неколку села во Охридско на по 101 година затвор. Како да луѓето се однапред осудени, како да се знае дека мора да бидат судени. Во јавноста се шпекулира со повеќегодишни затворски казни, дека истите се напишани и седат во фиока и дека само се чека момент да се објават.“

SHARE

Comments are closed.