„Мерцедесот“ не се продава додека не заврши случајот „Тенк“

Loading...

Портпаролот на владата Миле Бошњаковски вели дека блиндираниот „мерцедес“ нема да се продава додека не заврпи судскиот процес во кој мерцедесот е доказен материјал.

„Постапката за продажба на блиндираниот мерцедес е стопирана, како што веќе беше соопштено, бидејќи судскиот процес е во тек и до негово завршување и добивање допис дека тој повеќе не е предмет на судски процес ќе излеземе со нови информации“, реше Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање.

Пред три месеци започна постапка за продажба на „мерцедесот“ вреден 600.000 евра со почетна цена преку јавно наддавање од околу 230 илјади евра, но набрзо таа беше прекината.