Мери Јордановска: Има ли гаранции дека догодина ќе почнеме преговори со ЕУ

Мене ова со ЕУ ми личи на neverending story. Ако го смениме името, која е гаранцијата дека догодина навистина ќе почнат преговори? Која е гаранцијата дека ако падне Ципрас во март, нема да останеме со рацете во џеб, а со сменет Устав и име на држава? Која е гаранцијата дека по европските избори догодина нема да ни се постават нови услови? Ми личи дека се се прави на слепо, а залогот што го даваме е преголем, пишува истражувачката новинарка Мери Јордановска.

Таа бара политичарите да се приберат дома и да се фатат за работа.

“Да видиме што значи вистинска борба против корупција, да видиме дека работни места се добиваат според стручност, а не зошто сте ги ветиле кога сте се запиле во кафана, да видиме да лежат тие што краделе, а не дека сте се договориле да куртулат, да видам нормално здравство а не да чекам fucking резултати од крв од 7 мај зошто немале реагенси, да не морам да барам врски и да молам за обичен преглед 3 месеци, па наместо тоа да и полнам буџет на Систина и да немам за леб до крај на месец.
Е до тогаш и ЕУ и име ставам на stand by, немам нерви за ова веќе. Од дома почнува се, а дома и не ни е баш добро”, вели Јордановска.

Според неа ако има нешто добро од денешниов ден, тоа е што не потчукнаа по глава и не потсетија дека без разлика на името, имаме и многу други работи за решавање.

SHARE

Comments are closed.