Меркел порача да не седиме дома за референдумот

Германската канцеларка на прес конференција во Скопје порача дека 30. септември е клучен ден за иднината и граѓаните имаат можност да ја искористат историската шанса – Македонија да стане дел од семејството на ЕУ и НАТО, пишува денес Дојче веле.

„Не сакам да се мешам во внатрешните работи, но од искуство знам дека историски шанси не се нудат секој ден“ изјави Ангела Меркел која денеска допатува во Скопје.
„Од германски аспект, од европски аспект, ние имаме голем интерес за стабилност во регионот. Западен Балкан е решавачки за стабилноста и на целата ЕУ“, рече Меркел пренесуваат и странски медиуми.

2 Коментари

  1. Ti ke ni kazes BABO edna:) tvojte problemi po doma si gi resi pa najde pamet da solis, abe vie ne ste svesni deka kolku poveke doagate i ni se zakanuvate od inat poveke ke bojkotirame, ne go znaete ovoj nas blkanski sklop:)

Оставете Коментар