Меркел: Светскиот поредок се менува, Европа да ја земе судбината во свои раце

Германската канцеларка  ги претстави своите идеи за поголема интеграција на Европа, вклучувајќи го и формирањето на заедничка агенција за бегалци која ќе одлучува за барањето за азил на границите на континентот.

Во интервју за весникот Франкфуртер Цајтунг Allgemaine Ангела Меркел изјави дека сега во време кога се менува светот, Европа „мора да биде способни да дејствува, и внатрешно и надворешно, многу сериозно“.

Канцеларката вели дека Европа не може да биде целосно зависна од другите и дека мора да ја земе судбината во свои раце,  според АП наведува дека со тоа таа алудирала на разликите со претседателот на САД, Доналд Трамп.

Агенцијата, сепак, забележува дека Меркел во своето интервју за германскиот весник се воздржуваше од отворено критикување на Трамп, но го истакна фактот дека САД се повлекоа од меѓународните договори.

SHARE