Помошникот на државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Вес Мичел, потврди дека неговата земја одиграла клучна улога во решавањето на речиси тридеценискиот спор меѓу Македонија и Грција за името на македонската држава.

„Ставивме посебен акцент на зајакнувањето на државите на првата линија на Европа и најмногу излоижени на рускиот геополитички притисок. На Балканот американската дипломатија одигра водечка улога во решавањето на грчко-македонскиот спор за името“, изјави Мичел на денешното сослушување пред Комисијата за надворешни работи на Сенатот.

Тој додаде дека американските дипломати се ангажирани и со Србија и со Косово „за да го придвижат дијалогот предводен од ЕУ“, а се осврна и на Грузија и на Украина.

„Во Украина и во Грузија ги укинавме ограничувањата на претходната администрација за испорака на дефанзивно оружје за отпор кон руската територијална агресија“, објасни Мичел.

 

SHARE

Comments are closed.