Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на дебатната емисија на ТВ 21, одговарајќи на директо прашање рече дека ќе ја почитува волјата на граѓаните кои ќе се изјаснат на референдумот.

„Ако референдумот биде успешен и мнозинството гласа во насока на поддршка на референдумското прашање, ситуацијата е јасна и ВМРО-ДПМНЕ тоа ќе го почитува“, изјави Мицкоски.

Тој, сепак, не пропушти да го повтори партискиот став дека секој треба самостојно да одлучи, дека ВМРО-ДПМНЕ е за интеграција во ЕУ и НАТО.

Но и дека е против Договорот за името со Грција зашто има многу недостатоци и содржи  три клучни работи што,според него, го прават – катастрофален.

„ Го губиме институционалниот идентитет што е дел од нашиот национален идентитет и тука никој не може да спори зошто е тоа така. Се самооткажуваме од целокупната предност која во процесот на преговори Република Македонија ја стекнала со Република Грција, а тоа е Резолуцијата на ОН од ’93, времената Спогодба од ’95, и пресудата на Меѓународнито суд каде имаме јасна пресуда дека Македонија не треба да биде блокирана од никого во нејзиното приклучување кон меѓународни инситуции како што се НАТО и ЕУ“, рече Мицкоски.

 

 

3 Коментари

  1. Убо убо, само што е со волјата на “граѓаните“ која беше испорачана на последните парламентарни избори?
    Зошто таа волја не ја почитувате ама затоа оваа ќе ја почитувате?
    Изборот на Македонците е сведен на од една страна имаме магаре од друга змија (кое е магарето а која змијата не е важно и онака и двете се колаборационистички структури на западните центри на моќ и само играат игра добар-лош полицаец), Македонците немаат храброст и снага да се спротивстват на оваа перење мозок во три смени!

  2. Точно е ДЛМ. ВМРО-ДПМНЕ не ја почитуваше вољата на граѓаните на последните парламентарни избори и правеше се` да не дозволи мнозинството да формира влада. Но истото тоа ВМРО-ДПМНЕ мораше да ја почитува волјата на граѓаните на последните локални избори и не направи ништо да блокира воспоставување на власта по општините. А за почитување на вољата на граѓаните по референдумот ќе видиме.

    • Сакаше да речеш кога се препелкаа во собранието дека нема да дозволат да се инсталира квислиншката вљаст темелена на Тиран-ската пљатформа, за да не изгледа дека лесно “даваат“! Во право си тоа беше само за да не им падне рејтингот и да не помисли Македонсецот дека се продаваат за мали пари. Ама кога се има редикули за месење и не е така тешко, тие редикули поверуваа дека овие од ДПМНЕ (Груевски и компанија) самите се прислушкувале – снимале и потоа му ги дале разговорите на лидерот(Зораните) на тиранската коаљиција за да имплементира пљан 3-6-9.
      Не верував дека ќе се сложам во нешто со тебе, на пример не знаев дека си и ти за тоа дека требаше со сите средства да се спречи државниот удар од 27 април 2017г. Државен удар кој изврши инсталација на квисљиншка вљаст, некои мислат и дека ДПМНЕ требало да оневозможи окупација на Македонија од мнозинството тиранска коаљиција кое има за цел растурање на Македонија!
      Сепак има надеж за тебе, следи ги внимателно настаните и верувам дека до 30 Септември ќе изградиш став кој овде јасно ќе го изнесеш а кој ќе гласи БОЈКОТ!, за Македонија вреди да се пролее некоја квислиншка и петтокољонашка солза, затоа “памет во глава и дупе уза зид“!

Comments are closed.