Мицкоски бара да не се повтори „Судени за Македонија“

Амнестија за 27 април бидејќи луѓето се жртви на партиско-полициски монтиран случај, побара лидерот ана ВМРО-ДПМНЕ, Христјан Мицкоски.

Законот за амнестија на лицата кои се судат за настаните од 27 април веќе наголемо се подготвува. Правни ескперти од ВМРО-ДПМНЕ во неколку работни групи ги дефинираат сите точки на овој Предлог закон и кога тие ќе завршат, веднаш ќе му биде доставен на Собранието.

Извори од партијата за Алфа велат дека на ова исклучително важно прашање му пристапуваат многу сериозно и дека Законот ќе биде праведен, фер и заснован на правниот поредок во нашата земја.

Христијан Мицкоски, објаснува дека тој закон е неопходен бидејќи против лицата кои се судат за инцидентите од 27 април, се водат, како што вели, партиско-полициски и политички монтирани случаи.

„Тој се однесува на оние луѓе кои заради 27 април се наоѓаат таму каде што се наоѓаат, а каде што се судат драконски казни за дела за кои што истите тие судии за слични такви дела давале и по три пати помали казни. Се гледа дека станува збор за партиско – политички монтиран случај, реваншизам од страна на Владата, а токму тоа беше мотивот да преземеме еден ваков чекор“.

Вчера на големиот народен собир во Струмица, Мицкоски порача дека со драконските казни за 27 април, Владата сака да ја урне самодовербата на граѓаните, да ги исплаши и преку реавншизмот кон политичкиот противник да им порача дека и нив истото ќе ги снајде ако се осмелат да ја кренат главата.

Оставете Коментар