Loading...

Лидерот на ВМРО-ПМНЕ денеска на прес-конференција побара оставка од шефот на македонската дипломатија Никола Димитров поради како што рече“ поразот на македонската дипломатија“ со договорот за новото име на Република Македонија.

„Димитров е учесник во оваа капитулација, рече Мицкоски кој потсети дека министерот во една прилика најавил такво нешто и додаде дека треба да си поднесе оставка сега поради „капитулацијата што се обидуваш да ја претставиш како победа“.

По денешната средба со претседателот Ѓорѓе Иванов, која траела околу две минути МНР Димитров изјави:

„Во клучни времиња за државата, сите носиме историска одговорност. Дадовме сѐ од себе да создадеме можност граѓаните да добијат право на избор. Без разлика на политичката цена, спремни сме да ја преземеме одговорноста. Никој нема право да го спречи тој избор. Никој нема право да одлучува во името на граѓаните.
Ќе не биде… и покрај Иванов“, изјавил Димитров за „Дојче Веле“.

10 Коментари

  1. Кој му е виновен на Мицкоски што победата за него е капитулација. Мицкоски е тој што треба да поднесе оставка. Затоа што победата ја гледа како капитулација.

  2. НИКОЛА ТИ СО ЗАЕВ СИ НАЈГОЛЕМ СРАМ ЗА МАКЕДОНИЈА! ВЕДАШ ПОДНЕСИ ОСТАВКА! ИЗРОД МАКЕДОНСКИ!

  3. НИКОЛА ТИ СО ЗАЕВ СИ НАЈГОЛЕМ СРАМ ЗА МАКЕДОНИЈА! ВЕДАШ ПОДНЕСИ ОСТАВКА! ИЗРОД МАКЕДОНСКИ!

  4. Заев и Димитров срам за Македонија! Заев и Димитров изроди македонски! Како вие двајца смеете да носите одлуки спротивни на интересите на „Златна зора“ и грчките националисти! Веднаш да сте поднеле оставка! Нема да признаеме никаков договор што нема да го прифатат Каменос, Мицотакис, „Златна зора“ и грчките националисти!

  5. ВМРО-ДПМНЕ ќе биде избришано од Македонија, еднаш и засекогаш! Застана на иста страна со „Златна зора“ и грчките националисти. Тоа докажува дека ВМРО-ДПМНЕ работи за интересите на „Златна зора“ и грчките националисти, а не за интересите на македонскиот народ.

Comments are closed.