Мицкоски до Заев: Само ти дојди на дуел, се ќе ти кажам

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски му одговори на премиерот Зоран Заев кој одби дебата откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ предходно го повика на дуел.

“Ќе му кажам на крајот од дуелот на Заев што мислам за бојкотот, тој само треба да се охрабри, да не бега од вистината и да прифати дебата.

А ако се плаши и си бара изговор тоа е типично за човек што знае да витка кичма и да се однесува недостоинствено кон сопствениот народ плашејќи се да се соочи со вистината, а вистината е национално понижување, колективен грабеж, лаги и безидејност”, порача Мицкоски преку социјалните мрежи.

Според Мицкоски Заев се плаши од дуелот на кој ќе нема да смета на медиумската армадила под контрола на власта, ќе ги нема ниту оние партиски ширачи на невистини кои секојдневно парадираат лажно креирајќи розева слика, ниту пак некој од надвор ќе може да го брани, тој ќе е оставен сам на себе.

Веројатно затоа не го пуштаат да излезе на дуел, анализира лидерот на опозицијата.

Предходно Заев одби дуел

Заев бега од дуел со Мицкоски: Премиерот поставува услов

SHARE

Comments are closed.