По вчерашната најава на парламентарниот спикер Талат Џафери дека, доколку Иванов и по втор пат не го потпише Указот за договорот со Грција, ќе го испрател овој закон заедно со законот за употреба на јазиците само со негов потпис во Службен весник, реагираше лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Гледаме како Талат Џафери со неподнослива леснотија вели ќе го објавел договорот со Грција, и договорот за двојазичност без потпис од претседателот, што, предупредувам, преставува ново кривично дело, чија одговорност брзо не застарува, и ќе дојде ден доколку се случи таков чекор, одговорноста за ова и многу други работи да биде покрената”, напиша Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.

Џафери вчера рече дека на Иванов „му станало пракса“ да го крши Уставот односно да се меша во работата на законодавната власт.

“Нема да дозволам претседателот да ги злоупотребува овластувањата што му припаѓаат на Собранието. Собранието има и обврска и уставно право своите одлуки да ги спроведува до крај“, рече претседателот на Собранието.

Законот за ратификација на договорот за името меѓу Македонија и Грција ќе се најде пред пратениците веќе идната недела, а можните датуми се 5 или 6 јули.

SHARE

Comments are closed.