Мицкоски го прозва Заев, се чека одговор на премиерот

Во јуни 2017-та година, Зоран Заев во експозето како нов премиер на Република Македонија, го потврди она што претходно го беа ветиле во нивната програма План за живот дека секоја година ќе обезбедат раст на економијата од 5 проценти. Вистинското потфрлање се случи уште првата година кога се забележа раст околу 0 проценти, пишува во јавната прозивка на премирот, лидерот на опозоцијата Христијан Мицкоски.

“За оваа година, согласно проекциите на буџетот кој самите го составуваа предвиделе дека економијата ќе расте со 3.2 проценти или вкупно БДП ќе изнесува 10.767.000.000€.

Значи далеку помалку од ветените 5 проценти раст секоја година, ветени во програмата за живот и од самиот Зоран Заев.

Но тоа што нема да расте економијата за 5 проценти не е вистинскиот проблем, туку тоа што економијата нема да ги достигне ниту тие 3.2 проценти раст кој самите си го зададоа. Имено со ребалансот на буџетот самите растот го спуштаат на 2.8 проценти, поточно на ниво од 10.724.000.000€, а грешката, односно потфрлањето е околу 43.000.000€”, пишува Мицкоски според кого Владата на Заев е до толку неспособна што не може да го оствари економскиот раст кој сама си го задала, со што не само што ќе нема раст од 5% како што ветил Заев, не 3.2% колку што самите предвиделе во буџетот, туку сега економијата ќе расте со минимални 2.8% колку што сега предвидуваат со ребалансот.

“ММФ и Светска Банка потврдуваат дека растот нема да биде повисок од 2.5 % што е вистинска штета бидејќи регионалните економии растат со над 4 проценти. Со владата на Заев економијата е само црна дупка, каде се богатат структури блиски до власта, тие не можат да го достигнат ниту оној раст кој самите го предвидуваат. Црно време за граѓаните и црно време бизнисот во Македонија”, заклучува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Владата и кабинетот на Заев не одговорија веднаш на обвинувањата на лидерот на опозицијата.

SHARE

Оставете Коментар