Мицкоски: И СДСМ ги исклучи, Грчева, Јакимовски, Ружин…

„Имате во минатото пример во СДСМ, истакнати пратенички во минатото Буралиева, Грчева, беа исклучувани само затоа што се вратиле во парламентот. Имате градоначалници кои што одлучиле спротивно од партискиот став да учествуваат на трката за локални избори. Па понатаму како што беше случајот со Стевче Јакимовски.

Имате пример со Нано Ружин, се сеќавам случајот кога прифати да биде амбасадор, па зошто прифатил повторно – беше исклучен“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во вчерашното гостување на 1ТВ одговарајќи на прашање на новинарот Александар Чомовски поврзано со исклучувањето на пратениците од оваа партија кои гласаа за отворање на расправата за уставните амандмани.

SHARE

Оставете Коментар