Мицкоски ја објави позицијата на ВМРО-ДПМНЕ за референдумот

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски по средбите на највисоките партиски тела ја објави пораката до граѓаните за претстојниот референдум.

Неколку недели откако беше најавен официјалниот став Мицкоски вечерва ја парафразираше пораката што тој веќе ја упати на протестот на опозицијата во Кичево минатата недела.

“Нашата татковина е на крстопат и пред историска одлука. Ќе има последици по идентитетот, пасошите и личните карти. Се случува неповратен процес. Македонија е како авион во рацете на адолесцент. На власт е влада без никакви економски резултати. Секој ден има корупциски скандали, изјави Мицкоски во седиштето на опозицијата пред да ја соопшти одлуката на опозицијата за референдумот.

За некои работи не се прави компромис смета Мицкоски според кого договорот за Грција не смее да биде прифатен затоа што се менува уставот, институционалниот идентитет на македонскиот народ а Грција во секој момент може да ја блокира земјата на евроатланските интеграции. Договорот е проблематичен и заради нетранспарентоста и лошо поставеното прашање изјави Мицкоски кој потенцираше дека
ВМРО-ДПМНЕ е за ЕУ и НАТО и за соработка со западните сојузници на Македонија но не и за договорот со Грција.

,,По широките консултации ВМРО-ДПМНЕ смета дека секој граѓанин треба да донесе одлука по сопствена совест затоа што секој граѓанин знае точно што треба да направи. Да го слуша своето срце и својот разум. Партиите нема да одлучуваат туку одлуката ќе ја донесат граѓаните за вака важно национално прашање”, е финалната долгоочекувана одлука на ВМРО-ДПМНЕ за рефендумот закажан за 30 септември.

И по референдумот ќе има корупциски скандали благодарение на власта во државата, вели Мицкоски кој ја цитираше канцеларката Меркел која порачала дека освен името треба да се исполнат и други услови.

Опозицијата ја објавува својата позиција откако во саботата Мицкоски се сретна со канцеларката Меркел на пријателска средба во Скопје на која двете страни ги искажале своите ставови за актуелните теми.

SHARE

Comments are closed.