Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се огласи на социјалните мрежи по денешните обвинувања од генералниот директор на ЕЛЕМ, Драган Миновски.

Миновски го обвини Христијан Мицкоски дека, додека бил директор на Елем, во четири очи склучил договори за ископ на јаловина во РЕК Битола со фирмите „Пелистер“ и „Марковски во вредност од над 10 милиони евра. И дека сега тие фирми ја вршат истата работа за пониска цена.

Мицкоски вели дека прес конференцијата на Миновски е наменета за одвлекување на вниманието од скандалите со коруптивните бизниси кои сега се склучуваат во оваа компанија.

„Затоа колега Миноски ќе имате период од 48 часа да испратите јавно извинување за сите клевети и навреди што ги изнесовте денес, а притоа му нанесовте штета на мојот углед и чест или во спротивно се што изнесовте денес ќе мора да го докажувате низ судска постапка“, напиша Мискоски во реакцијата на фејсбук по денешните обвинувања.