Мицкоски: Луѓе, Македонија е во опасност

Пораката упатена од лидерот на опозоцијата во Штип:

“Луѓе стојам овде пред вас и можам да ви кажам дека Македонија е во опасност, и тоа опасност која доаѓа од налетот на незнаењето, неспособноста, и криминогеноста на врхушката на власт. Сакаат да ни го сменат името, а вие сакаат да поверувате во нивните шарени лаги. Ако договорот бил толку добар и толку прифатен од народот немаше на Заев да му треба тој ветар во грб кој тој го преставува како иднина, а за државата значи провалија. Јас имам еден живот, и не ми е сеедно на што сум го посветил, јас се родив, работам и кога ќе го завршам овој живот сакам да бидам, она што сум Христијан Македонецот, од Македонија. Затоа што тоа биле моите родители, тоа ќе бидат и моите деца.”

Предходно Мицкоски клекна на колена пред присутните.

Мицкоски со неочекуван потег – падна на колена пред македонскиот народ