Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ кој неодамна изјави дека на референдумот околу промената на името и уставните промени согласно преспанскиот договор  ќе гласа против, сега вели дека „околностите се променети“.

Христијан Мицкоски најави дека конечниот став во паѝртијата с’е уште не е дефиниран, пренесува „Сител“.

„ВМРО ДПМНЕ во однос на самиот референдум има став кој е соопштен, но воедно гледаме како околностите се променуваат и има многу дилеми како ќе настапиме, што ќе превземеме, дозволете тука да останеме воздржани во соопштувањето на нашите чекори.

Променливи се околностите, и многу работи не се дефинирани на пример кое ќе биде прашањето, каков ќе биде референдумот, кога и дали ќе се распише…Ние имаме план имаме ставови и кога ќе дојде време ќе соопштиме како ќе дејствуваме.“ – вели Мицкоски.

7 Коментари

  1. Двојната формула е лага и илузија! Решението е признавањето уставното име во ООН!

  2. Генерално јас сум против референдумот, но ако се оди утре на реф. резултат ќе биде 350 000 „За” со се шиптарите, а над 400 000 „Против”, ако се точни инф. од теренот.
    Веќе не е иста ситуацијата како пред година дена, СДСМ веќе не може да ги контролира своите гласачи! Довербата во СДСМ е стратешки падната!!

  3. Мицкоски веќе кажа. Бара амнестија за Груевски и фамилијата преку амнестија на оние кои се на суд поради 27-ми април. Тоа е негов услов за да го подржи референдумот. Него не го интересира референдумот, Македонија, името, идентитетот, го интересира само Груевски и фамилијата да бидат амнестирани, како и оние кои можат да кажат од кого примале наредби на 27-ми април.

    • Treses zeleni. Dali Grcija gi ekstradirase onie dvajcata? Po ist osnov ke bidat site oslobodeni od montiranite slucai na SJO. I jas sakam site sto kradele da si lezat (vazi i za crpnatiot) ama ne “so toa sto go napravil ke imal korist ke go glasale na izbor”. Znaci po logikata na cadorot i komunjarite toj sto e na vlast treba da ja raznebituva drzavata (kako ovie sega). I na kraj, sto mi e gajle kakov e stavot za referendumot na Mickovski i VRO DPNE. Siguren sum deka golemoto mnozinstvo veke ima stav a samo tvrdite krila na dvete najgolemi partii cekaat nekoj da im kaze sto da pravat

Оставете Коментар