Мицкоски нуди две опции за предвремени избори, ќе се бара ли нова “Катица Јанева”

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски денеска понуди две опции за предвремените избори со кои премиерот Заев се закани ако не се формира двотретинско мнозинство во Собранието.

ВМРО-ДПМНЕ во првата опција бара нов јавен обвинител кој што ќе биде предложен од страна на опозицијата и кој ослободен од притисоци ќе може да води истраги за сите што правеле криминал.

Втората опција и предуслов за да се оди на предвремени избори е формирање на ново обвиниѕелство по завршување на мандатот на СЈО кое што ќе се создаде по изборите а кое што ќе ги испитува и случаите за кои тимот на Катица Јанева велеше дека нема време да ги истражи.

Ова тело ќе има мандат да ги истражува и сите други случаи на криминал кои ги направи актуелната власт. Новото СЈО ќе треба да има мандат да ги истражи и сите случаи на изборен криминал на референдумот.

Мицкоски објави дека опозицијата има стотици докази, снимен материјал и изјави на сведоци дека на стотици избирачки места на референдумот биле правени кражби со помош на револвераши.

Опозицијата е подготвена сите докази да ги предаде на независен и непартиски јавен обвинител.

Два пати досега и на локалните избори и на референдумот СДСМ и ДУИ правеа тежок криминал и тоа ќе мора да се расчисти, порача Мицкоски кој најави дека за предвремени брзи избори мора да се почитуваат уставните и законските претпоставки за ткн Пржинска влада.

Тој сепак не е сигурен дали власта блефира за предвремени избори или сака да го продолжи својот 4 годишен мандат до декември 2020.

Мицкоски на прес конференцијата ја потврди изјавата на Али Ахмети од пред една недела, и рече дека никогаш никого не уценувал со амнестија за спроведување на демократските процеси согласно законите.

SHARE