Мицкоски со апстинирање сака да испрати порака за штетноста на договорот

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, нема да гласа на референдумот за промена на името на Република Македонија, соопшти портпаролот на партијата, Наум Стоилковски.

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во рамките на партискиот став кој овозможува секој да постапи по свое лично убедување, одлучи да не гласа на референдумот. Мицкоски смета дека прашањето за референдум е повеќезначно и манипулативно. Во неговата содржина се состои прашање за членство во НАТО и ЕУ, што преставува стратешка цел на ВМРО-ДПМНЕ, а во пракса на денешниот референдум се одлучува за штетен договор за преименување на земјава и ништо повеќе, и во таков случај Мицкоски одлучи да не гласа на референдумот, практично, апстинирајќи да испрати порака на несогласување и отфрлање на штетниот договор“, рече Стоилковски.

Запрашан дали ВМРО-ДПМНЕ очекува власта да го почитува евентуален неуспешен референдум, Стоилковски вели дека законот е јасен што значи успешен референдум.

SHARE