Мицкоски со неочекуван потег – падна на колена пред македонскиот народ

За време на протестот на најголемиот противник на Договорот со Грција, ВМРО ДПМНЕ во Штип лидерот на опозицијата падна на колена пред присутните и симболично пред македонскиот народ.

Тој одржа говор во кој изнесе низа обвинувања кон актуелната власт, обвинителството, но и медиумите.

“Ми велат никогаш не треба лидерот и претседателот следбениците да го видат на колена. Но, јас имам еден одговор на тоа – ако лидерот не клекне пред луѓето кои ја следат каузата за Република Македонија и за независна Македонија, тогаш не ја заслужува нивната доверба”, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицкоски во Штип.

Тој го обвини Заев за криминал, купување гласачи и за омаловажување на народот и рече дека државата има еден проблем, а тој се вика Зоран Заев. Нема обвинителството вечно да биде под притисок на власта, ќе дојде ден секој ќе одговара – рече Мицкоски.

Опозицискиот лидер нафрли и обвинувања на сметка на медиумите кои имале нејаснотии околу ставот на неговата партија и рече дека ВМРО ДПМНЕ има став: да остави на граѓаните да постапат по своја слободна волја и убедување.

SHARE

Comments are closed.