Мицкоски: ВМРО – ДПМНЕ има поголем рејтинг од СДСМ

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски вчерва во емисијата 24 Анализа откри дека според најновите анкети на ВМРО – ДПМНЕ оваа партија е во водство пред СДСМ.

Мицкоски во интервјуто со новинарката Душица Мрѓа изјави дека според една методологија на обработка на резултатите од истражувањето на јавното мислење опозицијата е во блага предност а дека според сеопфатните анализи и таканаречените кростабулации ВМРО – ДПМНЕ има сериозна предност пред владеачката партија на премиерот Зоран Заев.

Според анкетите на ИРИ од јуни СДСМ беше во водство од 3 % , според анкетите на МЦСМ и ИПИС на почетокот на август разликата меѓу двете најголеми македонски партии беше 0,4 и 0,6 % а според последната анкета објавена од МЦМС за Телма двете партии имаат идентични резултати.

Мицкоски во Анализа не откри кога и кој ја спровел анкетата која што тој ја цитираше.

Експерти за анкети за expres.mk во Август предвидоа дека може да дојде до ваков развој на настаните со рејтинзите на партиите затоа што допрва ќе има последици по довербата во СДСМ како резултат на големиот број на корупциски и други скандали во владата кои што не запираат со месеци.

SHARE

Comments are closed.