Мицковски: Срам да ви е, клети биле вие и вашата алчност

Новинарот Ивор Мицковски со оштра реакција за настаните на Водно каде дојде до инцидент меѓу еколошки активисти и изведувачите на работите кои сакаа да газат граѓани со багери.

Во реакцијата има и клетви за владеачката гарнитура за која вели дека за своите интереси би ја прегазила младината која се борела против полицијата за време на владеењето на сегашната опозиција кога лидер беше Груевски.

“Денес се враќам дома, за да дознаам дека брат ми отишол со други да лежи пред багери на Водно. Еј, вашата и наша младина, која израсна по улици против режимот, кои жртвуваа толку многу од личното за колективното, кои се покренаа како студенти, кои се судираа на улица со полиција, за вие денес да профитирате од уништување на нашето природно богатство.
И вие таа младина би ја прегазиле, некој во име на вашите интереси, вакви млади дечки и борци за подобро би ги газела, напиша Мицковски.

“Ми се тресе душата и плаче што морам ова да го гледам, кое дно се допре, како жртвата пак стана џелат.

Немам зборови за депресијата која оваа средина ми ја предизвикува, за бесот кој го раѓате кај луѓето. Срам да ви е, клети биле вие и вашата алчност”, со клетва заклучува новинарот кој беше дел од Шарената револуција а сега критичар на актуелната власт.

SHARE

Comments are closed.