„Неа демократија ќе гласа против овој договор дали сега, дали во следниот парламент. А, доколку на крајот, договорот што го потпиша СИРИЗА не биде ратификуван од парламентот, тогаш и другата страна треба да знае дека преговорите започнуваат од почеток“, порача денеска Кирјакос Мицотакис, лидер на најголемата грчка опозициска партија од Солун за време на неговиот говор во рамките на 83 Меѓународен саем, пренесе МИА.

Неговиот говор за договорот од Преспа, присутните во салата на Меѓународниот саем, на неколку пати го прекинаа со силни аплаузи.

„Тешка сенка паѓа врз Северна Грција. Тоа е Договорот за скопското прашање кој го потпишаа господата Ципрас, Коѕијас и Каменос во отсуство на грчкиот парламент и на грчкиот народ. Договор на срамот кој за прв пат отстапува македонски идентитет и македонскиот јазик на нашите соседи“, истакна Мицотакис и додал дека срамен е обидот на актуелната грчка влада „да ги карактеризира за радикални десничари оние кои излегуваат на протести“, пренесува МИА.

Оставете Коментар