Мицотакис бара предвремени избори

Лидерот на Неа демократија, побара што поскоро да се распишат избори на кои грчкиот народ ќе одлучи за преспанскиот договор со кој на соседната земја ѝ се отстапуваат македонска националност и македонски јазик.

„Изборот на владата е да го потпише Договорот од Преспа, договор кој за првпат на соседната земја ѝ го отстапува македонскиот јазик и македонската националност. Ние, овој договор нема да го ратификуваме, ниту сега, ниту ако го најдеме пред нас во следниот Парламент“, повторил Кирјакос Мицотакис на средба со негови сопартијци, пренесе МИА.

Претседателот на Нова демократија уште еднаш ја обвини владата за различни позиции на шефот на дипломатијата, Никос Коѕијас, и министерот за одбрана и лидер на „Независни Грци“ Панос Каменос кој се спротивставува  на преспанскиот.

Мицотакис вели дека тие „искористувајќи го наводното внатрешно несогласување, за да добијат уште малку време во власта, на земјата ѝ прават голема штета. Затоа и ние ќе инсистираме: избори колку е можно поскоро.

SHARE