Лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, се спротивстави на затворањето на училиштата во Грција во знак на протест против договорот што владата на премиерот Алексис Ципрас го потпиша со власта во Скопје за новото име на Македонија.

„Нова демократија беше, е и секогаш ќе биде против секаков вид вакви дејства. Други си ги изградија политичките кариери преку демонстрации“, изјави Мицотакис, очигледно мислејќи на Ципрас.

Тој додаде дека, иако го разбира гневот на сите што се спротивставуваат на Преспански договор, таков вид спротивставување на договорот не е одговорот.

„Затворените училишта означуваат затворени умови и не би сакал здраворазумниот патриотизам да се распалува за бесплоден и екстремен национализам“, порача лидерот на најголемата опозициска партија во Грција.

Мицотакис повика за масовно спротивставување на „сите што се стремат да го радикализираат новото поколение, служејќи им на сопствените партиски стремежи“ и ги повика Грците, млади и стари, да протестираат против договорот за името, но да ги држат училиштата отворени.

Одговарајќи на зборовите на политичкиот опонент, од кабинетот на Ципрас излегоа со соопштение според кое првиот човек на Нова демократија го наследил сцвоето место во политиката преку своите семејни врски и си ја изградил кариерата со провоцирање националистички однесувања.

 

SHARE

1 Коментар

Оставете Коментар