Мицотакис (ќе) бара гласови од грчката дијаспора

Владата има „основна демократска и национална обврска“ да го усвои предлогот на Неа демократија која бара да им се овзможи на Грците во странство да гласаат, објави главната опозициска партија која најави и амандаман на постоечкиот изборен закон.

Ова е трето барање на партијата на лидерот Кирјакос Мицотакис од 2016 година, објави „Ефимирида“.

Со амандманот се бара да им се овозможи на Грците од странство и кои се регистрирани во избирачките списоци да гласаат на општите избори во грчките амбасади и конзулати во земјите каде живеат, што е целосно во согласност со Уставот, така што тоа може да се спроведе веднаш – пред следните општи избори.

„Основна демократска и национална обврска на владата е да го усвои предлогот на Неа демократија и да им даде шанса на Грците во странство да гласаат, како што е случај низ целиот цивилизиран свет“ соопштија од најголемата опозициска пртија.

Отворањето на прашањето за правото на Грците од дијаспората да гласаат се интензивираат по „анализите“ дека на пролет е многу очекувано да падне актуелната владејачка коалиција, делумно и поради несогласувањето на дел од партиите и голем дел од јавноста поради преспанскиот догово.

Вчеррашен „Катимерини“ најави дека „владата ќе падне на пролет“ и дека парламентарни избори во Грција многу е веројатно да се одржат во мај, заедно со локалните (!?) и со оние за Европскиот парламент…

Според последните анкети, опозициската Неа демократија води со над 13 предност во однос на владејачката СИРИЗА на премиерот Алксис Ципрас кој, пак, е соочен со „непослушноста“ на помалиот коалицициски партнер „Независни Грци“ токму околу преспанскиот договор.

Гласовите од дијаспората, која е дефинитивно негативно расположена кон договорот од Преспа, ќе му обезбеди сигурна победа на Мицотакис.