Мицотакис можел да живее со нерешено прашање за името

„Дваесет години живеевме со овој проблем, со ова нерешено прашање, според тоа можеме да живееме уште 2-3 години. Доколку имам политичка одговорност, проблемот ќе се реши кога ќе оценам дека ова решение ќе им служи на националните интереси“ изјавил денеска лидерот на опозициската Неа демократија.

Кирјакос Мицотакис, во интервју за ТВ Скај, рече дека според неговата партија „решението треба да е комплетно, да има уставна ревизија како неопходен услов да одиме напред кон следната фаза“ како и елиминирање на иредентизмот.

За предлогот „Република Илинденска Македонија“ што го дознал од Ципрас на телефон,  рече дека беше јасно дека „владата разговараше за конкретно име“ за кое Мицотакис смета дека тоа било „ерга омнес на иредентизмот“.

„Тоа е најлошото можно име…Го гледаме сирењето, а не ја гледаме стапицата, бидејќи името сугерира на иредентистички визии на соседната земја“ рекол Мицотакис како што пренесе дописникот на МИА од Атина.

1 Коментар

  1. Мицотакис потпиши и Ти петиција за името, за Грција да се извлече од одговорноста за неуспешен обид за бришење национален идентитет на другиот народ во другата држава, обид кои на крај ќе пропадне и Грција ќе стане и биде предмет за подбив од сите цивилизирани држави: https://www.change.org/p/united-nations-solution-to-the-name-problem-of-the-republic-of-macedonia-in-the-un

Оставете Коментар