Мицотакис: Не преговарав и нема да го гласам договорот за името

Лидерот на опозициската Неа демократија изјави денеска дека неговата партија нема да го одобри договорот постигнат меѓу Атина и Скопје за името доколку грчкиот парламент претходно – пред оваа партија да дојде на власт – не го ратификува.

Кирјакос Мицотакис вели „дури и ако пјРМ да ги презела сите чекори што ги бара договорот, конзервативната влада нема да гласа за тоа ако актуелниот парламент не го стори тоа“ пренесува „Катимерини“.

„Ние нема да го ратификуваме договорот. Ниту сега, ниту, пак, кога ќе станеме влада ако претходно не одобрен“, рече Мицтакис за грчкото радио „Скај“.

„Јас не преговарав за овој договор, не се согласувам со многу аспекти од овој договор, нема да гласам за тоа, ниту сега, ниту, пак, ако некогаш треба да го ратификувам“.

Сепак, вели Мицотакис, доколку договорот е веќе одобрен во Атина, тогаш Неа демократија ќе има „крајно ограничен простор за маневрирање“.

Оставете Коментар