Мигранти предизвикаа хаос, затворена границата САД – Мексико кај Сан Диего (ВИДЕО)

Американските гранични служби вечерва соопштија дека ги затвораат граничните премини со Мексико кај мексиканскиот град Тихуана и американскиот град Сан Диего откако стотици мигранти се обидоа насила да влезат во САД.

Десетици централноамерикански мигранти меѓу кои има и жени и деца беа пречекани со солзавец и шок бомби од страна на американските гранични агенти на кои биле фрлани камења.

Предходно мигрантите ја пробија блокадата од мексикански полицајци кои што ја обезбедуваат границата со САД.

Мексиканската телевизија вечерва прикажала видео снимка како стотина мигранти се обидуваат да ја прескокнат оградата а на Твитер има снимки на кои се гледа како дел од мигрантите кои успеаа да влезат на американско тло се враќаат а притоа се гледа бел чад , најверојатно солзавец.

Повеќе од 5000 мигранти логорува во близина на границата во спортски комплекс во Тихуана. Тие се надеваат дека ќе можат да поднесат барање за азил на границата со САД каде што сега амеирканските власти примаат најмногу до 100 барања за азил дневно.

Претседателот на САД Доналд Трамп пред три дена најави дека ццелосно ќе ја затвори границата со мексико поради пристигннувањето на илјадници мигранти од земјите од Централна Америка.

SHARE

1 Коментар

Оставете Коментар