Мико: Изборот на Македонците денес е дали тие и Македонија и натаму ќе постојат

Џејсон Мико, поранешен почесен конзул на Македонија во Тусон, Аризона, кого Владата на Заев го разреши од таа функција, на „Твитер“ ја најавува својата најнова колумна за македонското прашање.

„Националното самоубиство е избор. Такво е и продолженото постоење, па дури и процутот – тоа, исто така, е избор. Дали или не Македонија и Македонците ќе продолжат да постојат е избор, изборот на Македонците денес“, твитна Американецот со унгарски корени.