Мико: Македонците не се ликови од „Животинска фарма“

Западот многу сака да им дозволи на Македонците сами да ги носат одлуките, но се соочува со познатата дилема на ликот од делото на Џорџ Орвел „Животинска фарма“: што ако донесат погрешна одлука, констатира американскиот аналитичар Џејсон Мико во својата најнова колумна.

„Никој поцврсто не верува во тоа дека сите животни се еднакви од Другарот Наполеон. Тој би бил пресреќен да ви дозволи самите да ги носите вашите одлуки. Но, понекогаш може да донесете погрешни одлуки, другари, и што правиме тогаш?“, цитира Мико дел од ремек-делото на Орвел, можеби најголемиот критичар на тоталитарното владеење.

Во прекорот до Западот поради односот кон Македонците како кон животните од споменатото дело, аналитичарот им нуди и уште една вистина на „западњаците“ – огромното мнозинство на Македонците не се „про-руски“ ориентирани.

„Всушност, тие се исклучително „прозападни“! Само погледнете каква музика слушаат, кои спортски клубови ги следат, какви книги читаат и каде најмногу сакаат да патуваат и уште цела низа на индикатори и ќе сфатите дека мнозинството сака да биде дел од западната цивилизација“, посочува Џејсон Мико.

SHARE