Поранешниот почесен македонски конзул во Аризона, Џејсон Мико, ја коментира информацијата за тековната дебата во Македонија за амнестија и за помирување.

„Ви ветувам – не можете да имате вистинско помирување во Македонија додека и ако лидерите на ДУИ/ОНА не се извинат и не побараат прошка за настаните од 2001 година. Прво Џафери и Ахмети“, објави на Твитер американскиот борец за македонските национални интереси.

Мико беше сменет од Владата на Заев во февруари годинава на барање на Министерство за надворешни работи.

 

 

SHARE

2 Коментари

Оставете Коментар