Мико со сонцето од Кутлеш на највисокиот врв во Јужна Аризона

Американскиот поддржувач на македонската кауза Џејсон Мико позира со претходното македонско државно знаме со сонцето од Кутлеш, откако се искачи на највисокиот планински врв во Јужна Аризона.

„Славејќи го Денот на независноста на Република #Македонија цела седмица – тука, на врвот Монт Рајтсон на планината Санта Рита, највисока точка во Јужна Аризона на 9.456 стапки (2.882 метри). Да живее Македонија!“, напиша на „Твитер“ почесниот конзул на Македонија во Тусон, Аризона, до смената од сегашната власт во февруари годинава.

SHARE

Comments are closed.